Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде инспекторот на Управата за јавни приходи, осомничен за примање поткуп.

Љ.С.(62) од Скопје се сомничи дека во својство на даночен инспектор во УЈП, со намера да се стекне со противправна имотна корист, при вршење на службено дејство кое не смеел да го изврши, од сопственик на угостителски објект, побарал и примил поткуп во износ од 5.000 евра.

Во вршењето на кривичното дело му помогнале З.К.(60) и нејзиниот сопруг Љ.К.(63), двајцата од Скопје, ангажирани како сметководители од оштетената страна.

Осомничениот, кој работи како даночен инспектор, вработен во Регионалната дирекција на УЈП во Скопје со намера да се стекне со противправна имотна корист, од крајот на јуни годинава до почетокот на ноември помогнат од сметководителите, во неколку наврати побарал, а вчера примил поткуп во износ од 5.000 евра.

Поткупот го примил од А.С. , во замена за тоа угостителски објект, кој е во сопственост на А.С лоциран во ГТЦ, да не плати поголема сума пари која наводно ја должела кон УЈП.

Од страна на А.С. на 9 октомври случајот е пријавен во СВР Скопје и веднаш се преземени соодветни мерки и активности. Вчера во трговски центар во Скопје остварена е средба меѓу пријавениот и оштетената. Љ.С. го примил побараниот поткуп од 5.000 евра, по што бил лишен од слобода. По ова лишени од слобода се и З.К. и Љ.К..



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 14:38