Едно лице загина, а четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината околу шест часот на излезот од Струга, во правец на село Мислешево.

Како што информира МВР, сообраќајната несреќа се случила меѓу патничко возило „Чери тенго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од засега непознат возач и автобус со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.J.(56) од Охрид.

Во несреќата, на местото починал возачот на возилото, додека со повреди се здобил возачот на автобусот и тројца патници. Увид на место извршила екипа од СВР Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 15:19