Во јавноста се појави веста дека Советниците на Советот на град Скопје наскоро ќе гласаат за применување на две катни гаражи во центарот на градот а граѓаните на градоначалникот на град Скопје му порачаа дека е подобро да ги одржува двете катни гаражи кои се во катастрофална состојба наместо да ги преименува, пренесува Курир.мк

Сликата на терен во катната гаража „Тодор Александров“ која наскоро ќе биде преименувана во „Беко“ е повеќе од застрашувачка.

Графити има на секој чекор, лифтот не работи, а движењето по скалите и ходниците често наликува на сцена од некој хорор филм.

Инаку пред советниците за седницата закажана за наредниот вторник е и предлог-одлуката за катната гаража „Македонска фаланга” да се преименува во „26-ти јули”, а гаражата „Тодор Александров” во „Беко”.

„Ова е еден пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот на 26-ти Јули 1963 година“, пишува во образложението на предлогот.

За Град Скопје поважно е како ќе се викаат катните гаражи отколку во каква состојба се


Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 01:18