Скопската полиција поднесе кривична пријава против 32-годишен скопјанец поради сомнение дека украл скап фотоапарат.
Како што информираат од МВР, на 29 октомври годинава во периодот од 19:30 до 19:45 часот во кафе-бар на скопската улица „Кеј Димитар Влахов”, при згодна пригода пријавениот украл фотоапарат марка „никон”.
Подоцна, крадецот го продал апаратот во заложна куќа и противправно се стекнал со околу 300 000 денари.