Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно пет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во една било полесно повредено едно лице, а во три сообраќајки била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Тринаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за неправилно престигнување.
Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 15 возачи, од кои тројца го управувале возилото под дејство на алкохол, седум пред да се стекнат со право на управување и пет возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и девет нерегистрирани возила.
Затекнати биле 138 возила непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 82 возила.
Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).