Најмалку 12 луѓе загинаа при нападот во бар во кантри барот „Бордерлајн“ во Таузенд Оукс, изјави локалниот шериф Џеф Дин.
Тој додаде дека се уште е рано да се шпекулира за мотивите за маскакрот.
Претходно беше објавено дека во барот е пронајдено безживотното тело на напаѓачот.
Во кантри барот „Бордерлајн“ во моментот на нападот имало стотина луѓе, а пукањето траело и кога дошла полицијата.
На сајтот на барот за среда вечер е најавена студентска вечер и часови по кантри танц.
За сега е познато дека непознат маж синоќа во бар во местото Таузенд Оукс, на околу 60 километри западно од Лос Анџелес и со околу 130.000 жители, прво испукал неколку куршуми, потоа фрлил димни бомби, па продолжил да пука.
„Лос Анџелес Тајмс“, повикувајќи се на локалната полиција, јави дека се испукани најмалку 30 куршуми.
Сведоци изјавиле дека во барот повеќето биле студенти, дека ситуацијата била хаотична и оти луѓето почнале да скокаат од прозори.