СВР Велес во соработка со Шумската полиција во атар на село Смиловци во патнички автомобил кај три лица од Прилеп на 4 октомври годинава пронашла безправно исечени огревни дрва, информира за МИА портпаролот Верољуб Додевски.
–По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок. Министерството за внатрешни работи и СВР Велес преземаат мерки и активности за спречување на нелегалната сеча на дрва и постапува според месечни планови, појаснува Додевски.
Оваа акција е една од повеќето вакви спроведени од страна на СВР Велес и Шумската полиција во која се откриени дрвократци со бесправно исечени дрва за огрев. Додевски информира дека на територијата на СВР Велес, годинава во дваесетина акциски контроли од дрвократци со коли одземале поголеми количества бесправно исечени огревни дрва.
– Исто така кaрактеристично е што годинава се фатени поголем број на возила, потенцира Додевски. Воедно информира дека Секторот за внатрешни работи Велес континуирано спроведува засилени контроли на возилата, а со цел спречување и санкционирање на ваквите кривични дела.