Две маскирани лица утрово ограбиле 68-годишна жена одземајќи и 70 илјади денари. СВР-Велес информира дека утрово околу 07.30 часот, две маскирани лица влегле во куќа на улица „Вера Циривири“ во месноста „Потокот“ во Велес и од сопственичката на куќата 68-годишната Б.М. со закана, а по извршено пребарување на куќата и одзеле ќесе во кое имало над 70 илјади денари, а по што, го напуштиле местото на настанот.

Како што појаснува портпаролот Верољуб Додевски, по брзата интервенција на полициските службеници, најдени се двајцата сторители на грабежот Е.М.(22) и 16-годишно малолетно лице, а кои се лишени од слобода.

– При претрес кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената. По целосно документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава, информира Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 15:10