Лос Анџелес Лејкерс забележаа победа од 101: 86 синоќа против Сакраменто Кингс. Лејкерси, кои имаат скор 6:6 беа предводени од Леброн Џејмс, кој постигна 25 поени, 7 скока, 2 асистенции и украдена топка.
Поддршка имаше од Брендон Инграм со 12 коша и осум скокови, како и од Кајл Кузма, Џош Харт и Кентавиус Колдвел Поуп, кои постигнаа по 11 поени.
За „кралевите“, за кои ова беше шестиот пораз во сезоната, заедно со седум победи, најпрецизен беше Дарон Фокс со 21 поен и седум скокови.
Резултати од НБА:
Торонто – Њујорк 128:112
Лос Анџелес Клиперс – Милвоки 128:126 по продолжение
Њу Орлеанс – Феникс 119:99
Мајами – Вашингтон 110:116
Чикаго – Кливленд 99:98
Мемфис Филаделфија 112:106 по продолжение
Сан Антонио – Хјустон 96:89
Голден Стејт – Бруклин 116:100
Далас – Оклахома 111:96
Сакраменто – Лос Анџелес Лејкерс 86:101.