Најдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Адетокунбо, најави промена на клупската средина во случај Бакс да не стане шампион на НБА-лигата.

- Ако не го освоиме трофејот оваа година, би можел да бидам разменет. Ова важи и за другите. Тоа е дел од професијата, дел од работата. Недостатокот на успех може да ја заврши вашата кариера. Ова се случи со претходниот тренерски штаб. И една година порано. Со некои играчи. Ако не можете да се справите, излегувате. Еден ден ќе наполнам 35 години и ќе сфатам дека го поминав својот врв и ништо не сум направил. Значи, време е да доминираме, изјави Адетокунбо.

Во 2021 година Адетокунбо, со Милвоки бакс ја освоија НБА-лигата, а тој беше прогласен за МВП на финалната серија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2024 04:28