Крилниот напаѓач на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард би можел да го пропушти почетокот на сезоната во НБА поради повреда на десното колено, објавија американските медиуми.

-Ленард ќе продолжи да закрепнува, објасни главниот тренер Тајрон Лу.

Сопственикот на шампионски прстен од 2014 година со Сан Антонио и 2019 година со Торонто ги одигра само вториот и третиот натпревар во првото коло од плејофот минатата пролет, а Клиперси загубија со 2-4 од Далас.

Во лигашкиот дел од минатата сезона, 33-годишникот стартуваше на 68 натпревари. Тој оваа година по шести пат беше повикан на Ол-стар натпреварот.

Клубот од Лос Анџелес првиот натпревар сезонава ќе го одигра на 23 октомври против Санс во Феникс



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2024 05:15