На зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, синоќа околу 19 часот, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 50 килограми.
На местото каде се пронајдени двете торби, соопшти денеска МВР, извршен е увид по што, истите се подигнати, а марихуаната е предадена на вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.