Првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, изјави дека нема ништо против припадниците на ЛГБТ популацијата во светот на тенисот, истакнувајќи оти нивното признавање е храбар потег.

– Јас нема да имам ништо против тоа. Секој има право да избере сексуална ориентација и било каква насока во животот. Го почитувам тоа, рече Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер наведе дека не ги дели луѓето според сексуалната ориентација.

– Не ги гледам луѓето поинаку, доколку се претстават на тој начин. За мене ова е многу храбар чекор, бидејќи одреден дел од планетата не е во можност да го прифати, додаде Новак.

Ѓоковиќ, кој веќе се пласираше во полуфиналето на финалниот АТП турнир во Лондон по два натпревари, ќе се сретне со Чилиќ утре во групата „Густаво Куертен“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 17:35