Репрезентацијата на Косово е ривалот на Македонија во полуфиналето од фудбалската Лига на нации.

Ова е епилогот по завршувањето на групната фаза од новото натпреварување на УЕФА.

Косово синоќа го победи Азербејџан со 4:0 и заврши на првото место во третата група од Д-лигата со 14 бода.

Полуфиналето во март ќе се игра во еден натпревар на кој домаќин ќе бде Македонија поради повеќето освоени бодови во групите.

Вториот полуфинален пар од плеј-офот за пласман на ЕП го сочинуваат Грузија и Белорусија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 11:12