Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис откри дека не планира да купи нови играчи во јануарскиот трансфер период, но се подготвува да привлече големо име за летото.

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани е меѓу имињата поврзувани за враќање на „Сан Паоло“ и медиумите во Италија шпекулираат дека Де Лаурентис мисли токму на него.

– Ние нема да купуваме никого во јануари. Но, во јуни ќе направиме голем трансфер. Кавани? Ако тој повеќе не сака да биде во Париз и одлучи да зема помалку пари, ќе го прифатиме со отворени раце, изјави Де Лаурентис.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 19:03