Агентот на поранешниот селектор на Шпанија и тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, Карлос Бухеро, ги негираше гласините дека неговиот клиент може да ја преземе фудбалската репрезентација САД.

Претходно, шпанските медиуми објавија дека Лопетеги преговара со репрезентацијата на САД.

– Ова е неточна информација. Хулен не ги нуди своите услуги на никого и не аплицира за ниту една позиција. Неодамна го напушти Реал, тој мора да зема здив, да се одмори и потоа да си постави нови цели, изјави Бухеро за ЕСПН.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 19:08