Данскиот напаѓач Никлас Бендтнер ќе мора да ја исполни 50-дневната затворска казна за претепување на таксист во Копенхаген, откако не му беше прифатена жалбата на пресудата.

Претходно овој месец, Бендтнер беше прогласен за виновен за насилство против таксист во главниот град на Данска на 9 септември. Триесет годишниот фудбалер не носел појас за време на возењето во Копенхаген, го напуштил таксито заедно со својата девојка, не ја платил бараната сума од возачот, го удрил во лицето и го шутнал со нога.

Бендтнер признал дека го удрил човекот, но рече дека го сторил тоа во самоодбрана по спор за сумата за превозот.

Напаѓачот беше осуден на 50 дена затвор и парична казна од 1.500 круни (230 долари).

Државниот правобранител во Копенхаген напиша на Твитер дека „пресудата е конечна“. Сè уште не е јасно кога Бендтнер ќе ја отслужи својата казна.

Поранешниот играч на Арсенал и Јувентус, кој сега игра за норвешки Розенборг, не е повикан во репрезентацијата на својата земја во последните месеци поради слаба форма.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 20:22