Португалскиот напаѓач Андре Силва ќе потпише траен договор со Севиља, која одлучил да ја плати откупната клаузула од 30 милиони одредена од Милан.
Силва по лошите изданија во дресот на Милан, беше пратен на едногодишна позајмица во шпанскиот прволигаш кој реши да го задржи во своите редови.
Навивачите можат да бидат спокојни. Силва останува во Севиља и ќе потпише долгогодишен договор. Имаме можност да го задржиме и ќе го сториме тоа. Во Милан можат да кажуваат што сакаат, но тој останува во Севиља, изјави спортскиот директор на клубот Хоакин Капарос. Андре Силва пристигна во Милано како голем талент од Порто за 40 милиони евра, но за една сезона постигна само два гола во италијанската Серија А. По доаѓањето во Шпанија веќе има седум погодоци на 11 натпревари.
За репрезентацијата на Португалија, веќе има 15 гола на 31 натпревар.