Во пресрет на дуелот со Вардар, тренерот на Работнички Жикица Тасевски е оптимист дека неговите избраници можат да дојдат до бодовите.
Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, клубот секогаш заслужува максимален респект, но исто така секогаш е и голема мотивација за противниците. Не се сомневам дека нашите фудбалери ќе имаат огромен мотив за игра. Ќе биде тежок дуел, со оглед и на временските услови, но подготвени сме за предизвикот и одиме да освоиме бодови, порачува шефот на стручниот штаб на „романтичарите“. Натпреварот Вардар – Работнички се игра попладне од 13 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Другите двојки за 15.коло од Првата фудбалска лига се: Македонија ЃП – Шкупи, Академија Пандев – Победа, Беласица – Ренова и Шкендија – Силекс.