Легендарниот југословенски играч Предраг Мијатовиќ верува дека Хрватот Лука Модриќ од Реал Мадрид е единствениот вистински кандидат за наградата Златна топка која „Франс Фудбал“ ја доделува на најдобриот фудбалер на годината.

Модриќ веќе освои ги освои наградите на УЕФА и ФИФА за најдобар во 2018.

– Има само еден кандидат, Лука Модрич, и мислам дека ќе ја добие Златната топка. Ќе видиме дали ќе се случи тоа, но Лука има најголема шанса, изјави Мијатовиќ.

Хрватот го освои трофејот на Лигата на шампионите со Реал оваа година, а исто така беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија, каде што ја предводеше Хрватска.

Наградата Златна топка ќе биде доделена на 3 декември во Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 20:46