Фудбалерот на Интер, Раџа Наинголан не планира да игра повеќе во националниот тим на Белгија поради конфликт со селекторот Роберто Мартинез.
Четириесет и пет годишниот селектор не го зеде популарниот „нинџа“ на светското првенство во Белгија ова лето поради тактички причини.
– Нема да играм повеќе за националниот тим на Белгија. Бев наврден деке не добив покана за светското првенство без никаква посебна причина. Играв одлично на Евро 2012 и не знам зошто не ме зедоа за светското. Не разбирам зошто постојано ме критикуваат. Играм 50 натпревари на сезоната, а на светското во тимот на Белгија имаше некои кои не играа во клупските тимови, прокоментира Наинголан, цитиран од „ЕСПН“.