Екипата на Вардар доживеа пораз во градското дерби против Работнички со 0-1 (0-0) во средба од 15.коло во ПМФЛ.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Оливер Пеев во 56-тата минута од натпреварот, со што ја продлабочи кризата на „црвено-црните“, откако во трет натпревар по ред не забележаа победа.
Лидерот Шкендија пак оствари убедливата победа над Силекс од 5-0 и ја зголеми предноста на табелата на шест бода. Стрелци на головите на за Шкендија беа Нафиу, Шефити, Фазли и на два пати Емини.
До крајот на прволигашката сезона остануваат уште три кола во следните десет дена, а следното е веќе во недела, 25-ти ноември. Резултати ПМФЛ, 15 коло: Беласица – Ренова 3-1 Македонија Ѓорче Петров – Шкупи 2-2 Шкендија – Силкес 5-0 Вардар – Работнички 0-1 Академија Пандев – Победа 2-1 Табела: 1. Шкендија 34 поени 2. Вардар 28 3. Академија Пандев 25 4. Работнички 20 5. Ренова 19 6. Македонија ЃП 17…