Холивудската ѕвезда Мајкл Даглас стравува дека неговите деца со глумицата Кетрин Зета Џонс, можат да имаат проблеми со зависности поради генетска предодреност.

Имено, 74-годишниот актер во минатото бил на рехабилитација за зависност од алкохол и дрога, а во 2012 година призна дека бил зависен и од секс. Неговиот полубрат Ерик во 2004. почина од предозирање со дрога, па сега тој стравува и за неговиот син Дилан (17) и ќерка му Карис (15), да не тргнат по истиот пат.

– Дознавајќи повеќе за генетиката, сфаќаш дека треба да бидеш повнимателен околу тоа… 3ависноста ја има „од двете страни“ во моето семејство, па морам да обрнам поголемо внимание на помладите. Водам отворен разговор за тоа, изјави глумецот за „Дејли Експрес“.

Неговиот постар син Камерон, од претходниот брак, мина 7,5 години в затвор поради криминални дејства поврзани со дрогата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 17:04