Јувентус објави дека новиот генерален менаџер на клубот е Фабио Паратичи. Тој го зазема местото на Џузепе Марота, кој беше отпуштен од функцијата пред неколку недели.
Ова не е посебно изненадување, бидејќи Паратичи веќе дејствуваше како спортски директор. Тој одигра огромна улога во привлекувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид минатото лето.
Во меѓувреме, има и други промени во раководните позиции во клубот. Џорџо Ричи сега е директор задолжен за приходите, а Марко Ре е назначен за главен финансиски директор на местото на Алдо Мација.