Министрите за спорт на Србија, Грција, Бугарија и Романија ја потврдија заедничката кандидатура за организација на Европското фудбалско првенство 2028 и на Светското првенство 2030 година.

На средбата, министерот за млади и спорт на Србија, Вања Удовичиќ, на Бугарија Красен Кралев, на Романија Константин Богдан Матеј и заменикот-министер за култура и спорт на Грција, Јоргос Василијадис, официјално потврдија дека четирите држави поднеле заедничка кандидатура за организација на овие две натпреварувања.

Во соопштение за медиумите, се истакнува дека оваа иницијатива е потврда на развиените односи на четирите држави, како и дека претставува позитивен предизвик кој ќе придонесе за регионален напредок на сите полиња.

– Тоа ќе покаже многу позитивно влијание врз понатамошниот развој и популаризација на фудбалот и спортот во нашите заедници, додека одлуката за одржување на едно од овие првенства на Балканот ќе донесе позитивно влијание и врз другите области како што се инфраструктурата, туризмот, економијата, културата и технолошкиот развој на земјите – кандидати, соопшти српското министерство.

Со разгледување на организацијата на Европското и Светското првенство во фудбал, министрите истакнале дека овој модел на соработка во иднина може да се примени и во други настани од областа на спортот и проекти посветени на младите од двете земји, се додава во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 12:52