Герет Бејл, кој се запиша во победата на Реал Мадрид со 2:0 како гостин против Рома во Лигата на Шампионите, смета дека во најсилниот клубски турнир во светот се победува полесно, бидејќи тимовите се обидуваат да играат фудбал и не практикуваат толку одбранбена тактика.

– Ова е различен турнир во споредба со шпанскиот шампионат. Доста различно е. Излегуваме против тимови кои сакаат да играат фудбал. Еден натпревар не трае 435 минути, туку 90. Првиот дел не беше толку добар за нас, но ние знаеме како да се бориме и да ги користиме нашите шанси. Се подобруваме постепено. Треба да продолжиме на истиот начин како што се случи во второто полувреме против Рома, прокоментира Бејл.

„Белите“ го освоија првото место во групата „Г“ и веќе размислуваат за осминафиналето во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 18:30