Домашни и меѓународни експерти денеска во Стопанската комора на Македонија ќе дебатираат за стратегискиот развој на туризмот и ефектите од државната политика за негова поддршка.

Ќе презентираат примери кои веќе се користат во меѓународната пракса и кои можат да се приспособат и применат во нашиот сектор за угостителство и туризам.

На дебатата ќе учествуваат директорот на Агенцијата за промоција на туризмот Љупчо Јаневски, државниот секретар во Министерството за економија Зоран Павловски, директорот на програмската канцеларија на УСАИД Македонија Ненси Годфри и директорот на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ Љубомир Димовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 10:29