Не треба да се направи пререгистрација на угосителските објекти, туку да се апдејтира сајтот на Министерството за економија, рече денеска државниот секретар Зоран Павловски по вчерашната забелешка на Здружението за туризам дека последните податоци за хотелите и рестораните во земјава се од 2016 година.

– Не треба да се направи пререгистрација. Сигурно сајтот не е апдејтиран. Тоа е убава забелешка, јас не сум ја забележал. Убаво е да ги ставиме последните категоризации, изјави Павловски по форумот за туризам што се одржа во Стопанската комора на Македонија.

Според него, на листата треба да се додадат и новите хотели од 2017 и 2018 година кои се веќе категоризирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 13:57