Околу 250.000 сириски бегалци би можеле да се вратат во својата разорена татковина во 2019 година, додека многу други се борат со проблеми со документи во „чие решавање би можела да помогне Владата во Дамаск, се наведува во денешното соопштение на Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР).

– Околу 5,6 милиони сириски бегалци и натаму се наоѓаат во соседните земји – Турција, Либан, Јордан, Египет и Ирак, изјави Амин Авад, директор на УНХЦР за Блискиот Исток и Северна Африка.

Статистиката на УНХЦР покажува дека оваа година во Сирија се вратиле 37.000 бегалци.

– Во оваа фаза, прогнозите се дека во 2019 година би можеле да се вратат 250.000 Сирици. Таа бројка може да биде и поголема или помала во согласност со ритамот во кој работиме и ги отстрануваме препреките за нивно враќање, додаде Авад.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 14:05