Европскиот суд за човекови права денеска и наложи на Словачка да плати надомест од 50.000 евра на двојка со ромско потекло, чии тројца роднини биле убиени од полицаец што не бил на должност.

Словачкиот правен систем не успеал правилно да испита дали полицаецот дејствувал со расистички мотив, пресуди Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР).

Словачки суд го осуди полицаецот на деветгодишна затворска казна за пукањето што се случило во 2012 година во градот Хурбаново, откако експертите откриле дека во моментот на инцидентот бил психички нестабилен.

За време на сослушување, тој изјавил дека имал „мисли за справување со Ромите во Хурбаново“ и „можеби размислувал и за радикално решение“.

Словачките истражители и судот што го водел случајот не испитуваале можен расистички аспект, иако имале „веродостојни информации“ што ги предупредиле на тоа, соопшти ЕЦХР.

Судот исто така истакна дека комисиите за антирасизам, европски и на ОН, претходно изразија загриженост во врска со насилството врз Ромите во Словачка.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 14:09