Убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги е проглсен за личност на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.

Во образложението на изборот се наведува дека прогласувањето на Кашоги за личност на годината е признание и за сите „други новинари“.

Кашоги се најде на првото место во изборот, пред американскиот претседател Доналд Трамп и специјалниот обвинител на САД, Роберт Малер, кој раководи со истрагата за руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Џамал Кашоги беше новинар на американскиот весник „Вашингтон пост“ и беше познат по своите критички текстови кон саудиските власти. Тој беше убиен на почетокот на октомври во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул. Турските власти, но и најголемиот дел од меѓународната заедница, вклучитечно и САД, за убиството на Кашоги ги обвинуваат властите во Ријад и првенствено саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 15:09