Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто изјави дека забрзувањето на европските интеграции на Западен Балкан е „најдобро оружје“ за одржување на безбедноста и стабилноста во регионот на долги патеки.

– Ја поздравуваме Македонија која е на чекор од членство во НАТО и апелираме Европската унија да започне преговори за членство со Македонија и Албанија наредното лето, рече Сијарто, честитајќи им при тоа на Србија и Црна Гора за отворањето нови поглавја во преговорите за пристапување кон ЕУ.

Говорејќи на Конференцијата за сеопфатна контрола на малокалибарското и лесно оружје на Западниот Балкан, што се одржа во Париз, Сијарто истакна дека Унгарија им помага на Македонија и Србија во граничната контрола, не само кога станува збор за илегалните мигранти, туку и кога е во прашање илегалната трговија со оружје.

Тој оцени дека земјите од Западен Балкан ги прекинале „опасните трендови создавајќи линија на одбрана на Европската унија“.

– Мораме да водиме сметка за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, затоа што тоа има влијание на цела Европа, изјави Сијарто, оценувајќи дека заканата од тероризам никогаш не била толку голема во Европа, поради што е потребно соодветно да се одговори.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2018 19:40