Непознати лица, пукале во овчарски кучиња кои што биле со стадото, при што едно куче настрадало, а другото било повредено.

На 08.12.2018 година во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Штип Г.Г.(47) од Штип пријавил дека истиот ден во 11,30 часот додека го напасувал своето стадо овци и кози во местото викано „Чингиица“ атар на с.Долани, непознати лица, а се претпоставува дека биле ловџии, со неколку истрели пукале во неговите овчарски кучиња кои биле со стадото. Едното куче било усмртено, а другото повредено.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2018 19:17