Според полицијата Е.Ш. бил уапсен вчера околу 9 часот и 30 минути откако обидот за кражба бил пријавен од С.Ш.(31) од Пирок.

Албанскиот државјанин Е.Ш. се сомничи дека во текот на овој месец извршил уште две кражби во џамии во Тетово и гостиварското село Равен, при што одзел парични средства, три сребрени прстени и рачен часовник.

Тој бил задржа во Полициската станица Тетово и со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово, велат од полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2018 14:53