Долниот дом на полскиот Парламент синоќа и изгласа доверба на Владата на конзервативната националистичка партија Право и Правда (ПиС), јави ДПА.

Иницијативата за гласање недоверба беше поднесена од страна на главната опозициска партија, либералната „Граѓанска платформа“.

Долниот дом на полскиот Парламент, кој има 460 членови, го отфрли гласањето за недоверба со 233 гласа против, 163 „за“ и 20 воздржани.

Во средата, пак, исто така се гласаше за доверба на Владата, по барање на премиерот Матеуш Моравецки.

За Владата тогаш гласаа 231 пратеник, 181 беа против, а два пратеника беа воздржани.

Право и Правда има 236 пратеници од вкупно 460, колку што го сочинуваат Долниот дом на Парламентот.

Поддршката на Владата беше разнишана со корупциски скандал во Управата за финансиска супервизија, кој излезе на виделина минатиот месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2018 13:33