Жолтите елеци и покрај повиците да не протестираат по атентатот во Стразбур и отстапките на претседателот Емануел Макрон, сепак, денеска одлучија да протестираат, јавува дописникот на МИА.

Од раните утрински часови на Елисејските полиња, веднаш во непосредна близина на Триумфалната порта можат да се забележат луѓе со жолти елеци.

Според полициски извори, веќе 25 лица се лишени од слобода, од нив на осуммина им е изречена мерка притвор.

Ова е далеку од бројката од минатонеделните демонстрации кога до десет часот беа уапсени 320 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2018 13:51