Во рамки на новогодишната населба „Винтерленд" на плоштад „Македонија" во Скопје од денеска ќе работи лизгалиште именувано „ЕУ за тебе".

На отворањето на лизгалиштето ќе биде прикажана кратка програма со деца кои се членови на Федерацијата на лизгачки спортови. На нив, според најавата, ќе им се придружи амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, кој ќе го отвори лизгалиштето.

Делегацијата на Европската Унија првпат учествува во новогодишната програма на град Скопје чија програма стартуваше вчера.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2018 11:06