Шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денеска ќе ја инаугурираат ЕУ улицата во Старата скопска чаршија.

За време на последната посета на Скопје, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Федерика Могерини доби изненадувачки подарок, филигрански брош од златар во Старата скопска чаршија.

За да ја изрази својата благодарност Могерини испрати благодарница до златарот, која му ја врачи Жбогар.

Ова беше инспирација за симболично инаугурирање на улицата „Јорганџиска“, каде што се наоѓа и златарницата, во ЕУ улица. Улицата ќе биде украсена со чадори „ЕУ за ТЕБЕ”.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 09:51