Сообраќајна несреќа се случила кај Момин Поток. Од она што може да се види фотографиите објавени на Фејсбук групата Ѕидот на сообраќајниот срам, во неа учествувале три возила од кои еден авотмобил „Сеат“ се забил во семафор, а „Фолкваген Пасат“ и „ Шевролет Спарк“ се забиле еден во друг.
Корисниците на социјалните мрежи сведочат дека на местото на несреќата не работела сообраќајната сигнализација што и било една од причините за сообраќајката.