Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанска комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска по 12. пат ја организираат традиционалната манифестација „Претприемач на годината“.
Наградите се наменети за успешните претприемачи од микро и малите претпријатија, а известување за добрите практики и успешните претприемачи ќе придонесе за промовирањето на идејата за развој на претприемништвото во Македонија како еден од клучните фактори за промена и прогрес во општеството.
Коорганизатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), а институционален покровител е Министерството за економија на РМ.