Министерот за култура Асаф Адеми вчера во просториите на Министерството за култура оствари средба со професорот Бејтула Демири од Интернационалниот Балкански универзитет.

Како што соопшти Министерството за култура, на средбата на која биле присутни и студенти од овој Универзитет, министерот Адеми ја претставил работата и активностите на Министерството.

Оваа средба на студентите од Одделот по политички науки на овој Универзитет е дел од нивната практична работа за запознавање на функционирањето на институциите во Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 10:42