Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, Надворешната канцеларија за криминалистички работи- Струга до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.М.(27) од струшката населба „Плитишта“.

Лицето, како што соопшти денеска СВР Охрид, казненото дело го сторило на 30 ноември оваа година, околу 17 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во Струга. Најпрво предизвикал вербална расправија со Л.Ч.(37) од Струга, а потоа и физички го нападнал.

Повредениеот веднаш бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била дадена неопходна медицинска помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 13:51