Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, во празничните денови не ги заборави оние на коишто вниманието и грижата им се најпотребни и преку своја лична донација им подари новогодишни пакетчиња на сите пациенти од Kлиниката за детски болести во Скопје.
Шабани денеска ги посети овие дечиња, во друштво на претседателката на УО на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Маја Шајновска Андова.
„Во Kлиниката за детски болести дојдов со надеж дека овие мали јунаци ќе успеам да ги израдувам и да го разубавам нивното секојдневие. Најискрено им посакав брзо оздравување, многу радост и среќа во новата 2019 година. Во текот на целата година ќе бидам тука за нивните желби и потреби.“- изјави директорот Шабани.
ФБ: Денеска ги израдувавме малите јунаци од Kлиниката за детски болести. Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, им подари новогодишни пакетчиња, со најискрени желби за нивно брзо оздравување, радост и среќа во новата 2019 година!