Во неделата, 16 декември во „СЦ Форца“ во Скопје се одржа третиот традиционален турнир во Пинг понг „Самсунг 2018“ во организација на ППФМ и клубот „Телеком НЕЦ“.

На турнирот учествува повеќе од сто играчи поделени во повеќе категории.

Во конкуренција на мажи натпреварувачите се натпреваруваа во четири категории: Апсолутна категорија (победник Бобан Ивиќ), Категорија 40 - 49 (победник Димитрије Жоговски), Категорија 50 -59 (победник Љубиша Милошевиќ) и Категорија 60 + (победник Диме Ташковски).

Во женска конкуренција учесничките се натпреваруваа во една, апсолутна категорија, а победничка беше Бисерка Ристиќ.

За победниците во сите категории организаторите и спонзорите обезбедија парични награди и смартфони „Самсунг“.

Конечен пласман по категории:

Апсолутна категорија:

1. Бобан Ивиќ 2. Кристијан Сатанојковски 3. Андреј Лашкоски 4. Филип Младеновски

Категорија 40 - 49:

1. Димитрије Жоговски 2. Сашо Стојановски 3. Станислав Иванов 4. Ѓоко Јочкоски

Категорија 50 - 59:

1. Љубиша Милошевиќ 2. Марјан Аврамовски 3. Мирослав Симиќ 4. Сашо Љамов

Категорија 60+:

1. Диме Ташковски 2. Петар Јовановски 3. Слаѓан Свржиќ 4. Жељко Басариќ

Апсолутна жени:

1. Бисерка Ристиќ 2. Ива Димитриевска 3. Ана Стојановска 4. Бојана Михајловска.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 18:10