Ѕвездата на холивудската серија „Чувари на плажата“ и поранешен модел на „Плејбој“, Памела Андеросн изјави дека таа би постигналa подобар договор за Брегзит, од „глупавиот договор“ на британската премиерка Тереза Меј.

– Договорот што го предложи Тереза Меј на нуди никаква алтернатива. На шега реков дека сум убедена оти би успеала да договорам подобри услови од овој глупав договор. Со Холивуд преговарав со децении. Би се снашла и со (главниот преговарач на ЕУ за Брегзит) Мишел Барние, изјави Андерсон.

Таа смета дека ЕУ треба да биде „темелно и фундаментално реформирана“, додавајќи дека „навистина би ја поддржала Велика Британија во обидите да напарви алтернативна Европа“.

– Свртувањето кон националистичките тенденции не е алтернатива. Единствен пат до слободата е заедничка борба на непривилегираните, што ги вклучува и странските работници, додаде Андерсон.

Ова не се први „политички испади“ на Памела Андерсон. Таа меѓу другото, пред ланските претседателски избори во Франција, таа јавно го поддржа левичарскиот кандидат Жан Лук Маланшон, а во врска со случајот со основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, изјави дека Меј е „најлошата премиерка во историјата“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2018 03:22