Против 22-годишна скопјанка поднесена е кривична пријава за тешка кражба на златен, сребрен накит и на мобилен телефон од куќа на улица „Франц Прешерн“ во Скопје, со што се стекнала се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.
-Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(22) од Скопје поради основи на сомнение дека извршила кривично дело „тешка кражба“, со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 120.000 денари, се наведува во соопштението од МВР.
Пријавената на 15-ти август минатата година во куќа на улица „Франц Прешерн“ во Скопје насилно со употреба на подесен алат делувала на влезната врата, влегла внатре и одзела разновиден златен и сребрен накит и мобилен телефон.
По преземени мерки и активности констатирано е дека С.Д. е сторител на кривично дело и на 13-ти овој месец е лишена од слобода.