Полицијата поднесе кривична пријава против охриѓанец што објавувал заканувачка содржина на „Фејсбук“.

Според информациите на полицијата, против А.Н. (22) е поднесена пријава за кривично дело загрозување на сигурноста. Тој на 12 јуни оваа година, околу 23 часот, преку профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, чиј администратор бил, објавувал содржини со заканувачка содржина и се заканувал дека ќе објави слики со компромитирачка содржина.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2018 05:24