Веќе осум дена нема никаква трага од младото 26 годишно момче Пинета Секондо- Пино. Неговата мајка Маја Трпковска на социјалните мрежи моли за помош за да го пронајде својот син, таа вели дека МВР работеле на случајот, но дека и една недела по неговото исчезнување ништо немаат откриено.
Ве молам помогнете ми да го најдам синчето Пинета Секондо „Пино“. МВР работи, ама веќе седум дена ништо не откри. Ве молам помогнете ми вие луѓе, вие, само вие ќе ми помогнете да го најдам синчето на ова крпче земjа, пишува на Фејсбук мајката на Пино. Загрижената мајка од полицијата добила само претпоставкидека Пино е избеган од дома, но вели дека тоа не е точно, бидејќи немало причина за такво нешто. Тој имал работа, одлична плата, бил сакан и почитуванкако дома, така и на работно место.
Да го најдеме синчето мое. Не е избегано до дома, нема зошто да бега. Не е лут со мене како што не лут со никој од нашата фамилија. Џабе МВР вели дека е избеган од дома, 26 години, работи, супер плата, најсакан и почитуван и на работа и дома. Нема зошто да бега. МВР каде е моето дете, со срце чекаме да се гушнеме. ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ!!!, пишува на Фејсбук Трпковска.
Пинета Секондо последен пат е виден на 10 декември, во 22 часот навечер, во скопската населба Ѓорче Петров со бела Шкода, со регистарски таблички СК 1566 АП и оттогаш му се губи секаква трага. Пино е роден во Италија, во Македонија дошол пред шест години, започнал да работи во фирмата која го градеше автопатот Демир Капија- Смоквица, а негово последно работно место е во фирмата која го прави автопатот од Крива Паланка кон Бугарија.
Пино имал македонски и италијански пасош, кои поради тоа што често поради работни обврски патувал во Бугарија, ги носел во автомобилот. Тој со себе немал ниту многу пари, а на картичките како што вели неговата мајка имал околу 100 евра.