Во сабота со почеток од 11 часот до 14 часот, твитерџиите повикуваат на правење елки од пластични шишиња во обид да ја подигнат јавната свест дека е важно да се рециклираат и да не се загадува околината. Собраните шишиња ќе се остават на следните пунктови: Лептокарија, на коцката пред Ревија, влезот на трговскиот центар Беверли Хилс, ТЦ Бисер, Порта Влае, пред Баду и кај Универзална сала.
Во недела, пак, настанот продолжува, исто така во 11 часот, а елката ќе биде поставена во парк Форум, зад Рекорд.
Настанот е од отворен тип и сите се поканети да се вклучат.
Исто така, тие апелираат да се чуваат празните пластични шишиња периодов, посебно оние од славите, и истите да се донираат на пунктовите.
Секој кој сака да учествува во „китењето” на елката, повеќе информации околу настанот може да најде на Фејсбук и на Твитер.