Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска изјави дека во тек е набавка на гуми за автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие кои не возат низ скопските улици поради недостиг на гуми.

– Веќе е активна една набавка за гуми за новите градски автобуси и потоа ќе има уште една набавка, истакна Салиху, одговарајќи на новинарско прашање по завршување на настанот во гимназијата „Никола Карев“ каде се поставени прочистувачи на воздухот.

Што се однесува до расипаните автобуси, Салиху рече дека се прави пресметка со цел да се види колку ќе биде исплатливо да се поправат.

Во однос на набавката на еко автобуси што ја планира Град Скопје, портпаролот Салиху информира дека кредитот ќе биде во висина од околу 10 милиони евра, а со него ќе се набават од 35 до 40 еколошки автобуси.

– Веруваме дека ќе ги видиме по улиците во Скопје рано следната година, рече Салиху.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2018 14:26